Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приватните болници ќе хоспитализираат болни од КОВИД-19

Приватните болници ќе хоспитализираат  болни од КОВИД-19

Приватните болници ќе хоспитализираат болни од коронавирусот. 

Ова е одлука од 69-та седница на Владата. 

Со уредба се овозможува и приватните болници да хоспитализираат и да укажуваат нега и терапија на болни од КОВИД-19. 

Владата  ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба, согласно која сега и приватните здравствени установи, во рамките на вршењето на дејноста за интензивна нега и терапија, ќе можат да укажуваат здравствени услуги и за заразната болест коронавирус КОВИД-19 за пациентите примени во установата кај кои во текот на укажувањето на здравствените услуги за дијагностицирање, лекување, третман, нега и рехабилитација во установата е утврдено присуство на причинителот Sars-Cov-2 вирус за заразната болест КОВИД-19.

Слично

Поврзани вести