Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Приватна“ забава со гласна музика во Државен архив - Штип во сабота навечер

„Приватна“ забава со гласна музика во Државен архив - Штип во сабота навечер

Ечи музика проследена со гласен разговор во сабота навечер во една од просториите на штипскиот Архив, во видео што било доставено до регионалната телевизија Канал 77.од страна на слушател. 

Снимката била направена вечерта, пред почетокот на настапот на Бајага на Д-фестивалот, кој се одржуваше преку патот од Архивот, на Градскиот стадион. На снимката се слуша жагор од гласен разговор на повеќемина, а според информацијата од слушателот, забележани се луѓе, кои пушат на терасата.

Според сведочењето, и друг пат имало вакви собирања на луѓе во Архивот, како што било случај на Пастрмалијадата, што исто така, се одржува во непосредна близина на архивската зграда.


Слично

Поврзани вести