Економија, финансии, бизнис

Контакт

Притворите за Грујовски, Јакимовски и Бошковски без налог во МВР, има простор за жалба

Притворите за Грујовски, Јакимовски и Бошковски без налог во МВР, има простор за жалба

Во МВР се уште не се пристигнати налози за спроведување на притворите на припадниците на УБК Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски. Тие ќе имаат право на жалба по решенијата кои ги донесе Апелациониот суд во второстепена постапка, а по барање на СЈО за предметите „Тврдина“ и „Таргер“.

Обвинетите имаат право на жалба до Врховниот суд, но се поставува прашањето дали тоа може да го одложи извршувањето на одлуката на Апелација. Исто така до Врховниот суд сè уште нема пристигнато жалби за одлуките за притвор

Законот за кривична постапка пропишува дека по одлуката на првостепениот суд, одлуката за притвор станува извршна и жалбата до Апелација не го одложува извршувањето, но не е пропишано што во ваков случај по поднесена жалба на одлуката на второстепениот суд.

Денеска во Апелациониот суд своите аргументи ќе ги претстави и градоначалникот на Гази Баба Тони Јакимовски во предметот „ТНТ“ за кој СЈО исто така бара мерка притвор.

Слично

Поврзани вести