Притворените за „крвавиот четврток“ си прошверцувале мобилни во затвор?
Во претрес кај лицата кои се притворени за настаните во Собранието од 27 април лани, се пронајдени неколку мобилни телефони.
Информациите за телефоните кои биле прошверцувани во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари утрово ги објави Дојче Веле повикувајќи се на извори од истрагата. Според истите извори на медиумот, се претпоставува дека најверојатно била искористена можноста телефоните да бидат внесени замаскирани меѓу храната што ја носеле членови на нивните семејствата за време на посетите, но не се исклучуваат и други начини.
Неофицијално, пишува Дојче Веле, телефонски апарати биле најдени кај пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, ексначалникот во МВР, Оливер Поповски, член од обезбедувањето на Трајко Вељаноски и други лица.
