Притворениот врховен судија Наќе Георгиев побарал емпатичност од колегите
Пртворениот врховен судија Наќе Георгиев, кој е во притвор поради мито од 10.000 евра во предмет поврзан со поранешниот градоначалник Боро Стојчев, побарал од своите колеги да покажат емпатија.
Директорот на затворот „Шутка“ Бобан Утковски во емисија на ТВ Алфа кажал дека Георгиев испратил писмо до колегите во кое нагласил дека условите во кои е притворен се неиздржливи.
Георгиев наводно се пожалил дека неговите колеги по автоматизам му го продолжувале притворот.
„Препорака од него е идните колеги да поседат еден месец внатре и пред да дадат мерка притвор да видат дека не се дава туку-така“, рече Утковски.
Слично
