ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште
Обвинителство покрена истражна постапка против жител на Богданци поради „задоволување полови страсти“ пред деца во основно училиште.
Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство веќе е издадена наредба за спроведување на истражна постапка од основното јавно обвинителство Гевгелија против лице од Богданци кое се сомничи дека извршило дело - Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.
- Осомничениот маж повеќе пати се соблекувал и го вршел делото пред деца кои наполниле 14 години на јавно место - во двор на основно училиште и на други локации.
Поради причина дека осомничениот може да избега или да влијае врз сведоци и да го повтори делото од страна на јавен обвинител до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор - се наведува во соопштението.
Слично
