Притвор за велешанецот кој со чекан уби еден и повреди повеќе соседи
30 дена притвор доби 46-годишниот велешанец кој со чекан го уби својот сосед, а на уште четири лица
од семејството им нанесе тешки повреди.
Судија во претходна постапка му ја одреди мерката поради можноста да побегне, влијае на сведоци или да го повтори делото.
Велешанецот ќе одговара за кривично дело убиство и уште четири обид за убиство. Немилиот настан се случи минатата ноќ.
Слично
