Притвор за уште едно лице, сакал да го пали албанското знаме
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковскина новинарско прашање денеска информираше дека е уапсено уште едно лице кое се обидувало да го запали албанското знаме во Скопје и судот веќе му изрекол мерка притвор.
Претходно, веќе беше познато дека во Прилеп беа уапсени три лица, од кои две малолетни, за палење на албанското знаме како реакција на палењето на македонското на 28 ноември.
Од почетокот на одбележувањето на Денот на алабнското знаме, досега се уапсени 18 лица од страна на полицијата, од кои голем дел се малолетници.
Против десетмина има покренато прекршочни постапки поврзани со дивеењето на скопските улици од аспект на сообраќајниот хаос.
- Не паметам да има уапсени 18 лица за вакви настани и да бидат изречени мерки притвор во толку краток временски период, рече денеска Тошковски по средбата со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ.
