Притвор за татко од Кавадарци, пуштал порно филмови пред малолетна ќерка
Основното јавно обвинителство Кавадарци определи притвор од 30 дена и започна истрага против 42-годишник за кого постои основано сомнение дека подолг временски период вршел други полови дејствија спрема неговата ќерка родена во 2016 година.
Обвинителството се сомнева дека тој во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, на малолетното дете му прикажувал видеа со порнографска содржина и кон неа продолжено вршел други полови дејствија.
„По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице.“, соопшти Обвинителството.
Слично
