Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИТВОР ЗА ТАТКО И ДВА СИНА: Со бензин го палеле „Јасен“

ПРИТВОР ЗА ТАТКО И ДВА СИНА: Со бензин го палеле „Јасен“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против татко и неговите два сина поради сомнение за предизвикување општа опасност. за животот и телото на луѓето или за имот од големи размери.

На 9 август предизвикале пожар, полевајќи со запалива течност шумско земјиште покрај локален пат на местото викано Дупки, кај Патишка Река.

Со запалка запалиле нискостеблеста шума и суви треви. Опожареното земјиште е во државна сопственост, а постоела опасност пожарот да се прошири на поголемо подрачје нискостеблеста и високостеблеста шума, па дури и да зафати дел од Националниот парк “Јасен”.

Осомничените ги забележал и ги пријавил очевидец, а полициски службеници ги затекнале и кај нив пронашле повеќе литри од запаливата течност која ја користеле за предизвикување на пожарот. Противпожарни екипи интервенирале за да го изгасат пожарот.

„Бидејќи делото се гони во скратена постапка, по предлог на јавниот обвинител, Основниот кривичен суд Скопје на тројцата осомничени им определи притвор во траење од по 8 дена“, информира ОЈО Скопје.


Слично

Поврзани вести