Притвор за струмичанката која помогнала двајца малолетници да силуваат девојче во Струмица
Одреден е 30-дневен притвор за 21-годишната С.П. од Струмица, која помагнала да се силува малолетно девојче на забава во јануари годинава од страна на двајца малолетници.
Двајца малолетници заедно со 21 годишната девојка се обвинети за силување на малолетничка од Струмица.
Како што објави СВР Струмица, во петокот, младата струмичанка која е полнолетна е уапсена бидејќи со употреба на сила им овозможила на малолетниците да ја силуваат малолетничката.
- На 31.03.2023 полициски службеници од СВР Струмица ја лишиле од слобода С.П.(21) од струмичко.
Таа се сомничи дека на забава во јануари 2023, со употреба на сила врз малолетничка овозможила да биде извршена обљуба од страна на двајца малолетници од струмичко.
За случајот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со соодветен поднесок трите лица се денеска изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица - се наведува во извештајот на СВР Струмица.
Слично
