Притвор за старец од Битола кој полово нападнал дете
Основниот суд Битола му определи притвор во траење од 30 дена на 72 годишен битолчанец кој сакал да силува малолетно девојче.
Во моментов ОЈО Битола спроведува истражна постапка против лицето за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
„На 1 август, во неговиот дом во Битола, осомничениот извршил други полови дејствија врз девојче родено 2011 година. Вознемирено, девојчето се расплакало и го напуштило станот“, се вели во описот на настанот.
Слично
