Притвор за скопјанец, силувал и тепал жена во автомобил
Јавното обвинителство поднесе предлог за притвор за 37-годишен скопјанец за полов напад и силување откако силувал и претепал жена во автомобил кој му припаќал на татко му.
„Осомничениот, на 21 февруари, насилно извршил обљуба врз жена во автомобилот сопственост на неговиот татко, принудувајќи ја на сексуален однос против нејзина волја и согласност. Жртвата за цело време се спротивставувала на неговите допири, но тој ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, како и со нога по лицето, по што таа започнала силно да крвари. На крај, насилно ја принудил и на сексуален однос, иако жртвата неуспешно се обидувала да се оттргне и да избега“, информира ОЈО.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор со оглед на тоа што во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото.
