Притвор за Македонец фатен со 11 килограми хероин
Унгарската полиција заплени хероин вреден половина милион евра во возило на македонски државјанин. Дрогата била спакувана во 15 пакети со вкупна тежина од 11,7 килограми.
На влез во Унгарија од Србија граничката полиција при детален преглед на моторно возило „БМВ X5“, што го управувал Македонецот, специјално полициско куче за откривање на наркотици ја открило дрогата под совозачкото седиште, пренесува РТС.
Возачот бил притворен и против него ќе биде покрената постапка за криумчарење на дрога.
Слично
