Притвор за мајката на претепаното бебе
Мајката која со нејзиното бебе беше примена на КАРИЛ со повреди, утре ќе биде сослушана од јавен обвинител, а во меѓувреме и е одреден притвор, дознава 24 Вести, откако полицијата се посомнева дека токму таа го тепала повреденото 14-месечно дете. Таа досега беше сместена во шелтер центар и во постојана придружба на социјален работник.
Била евидентирана кај социјалните служби како корисник на парична помош, но досега не била евидентирана ниту како жртва ниту како сторител на насилство, ниту пак пријавила насилство врз нејзиното бебе.
Слично
