Економија, финансии, бизнис

Контакт

Притвор за кумановецот кој ја уби охриѓанката - украдените пари ги потрошил во казино

Притвор за кумановецот кој ја уби охриѓанката - украдените пари ги потрошил во казино

30 дена притвор и кривична пријава доби 37 годишниот кумановец Ј.К.  за убиството на 67 годишната Спаса Бојоска од Охрид.

На 20 овој месец во 11.45 часот откако претходно се осигурал дека жената е сама во станот,  земал една водоводна цевка, ставил бели хируршки нараквици на рацете и заsвонал на станот од неговата соседка.

Објаснувајќи и дека сака да го погледне распоредот на станот, таа му дозволила да влезе незабележувајќи дека има нараквици и цевка,  и од ходникот на станот се упатила кон дневната соба.

Осомничениот од зад грб со водоводната цевка ја удрил неколку пати во пределот на главата и вратот по што таа паднала на подот.  Веднаш потоа,  започнал да  пребарува низ собите, пронашол и одзел  мобилен телефон и паричник во кој имало 3.200 денари. 

Пред да го напушти станот, забележувајќи знаци на живот кај соседката и плашејќи се дека ќе биде откриен, се вратил во кујната каде пронашол нож со должина од околу 30 сантиметри со кој ја избол во вратот. 

Откако ја убил 67 годишната жена, Ј.К.  го напуштил станот, ја заклучил влезната врата и се упатил во казино.

Слично

Поврзани вести