Притвор за битолчанец: Пред сите тепал сограѓанин во кафе бар
Основното јавно обвинителство Битола соопшти дека поради делото „насилство“ битолчанец добил осумдневен притвор, откако во саботата нападнал сограѓанин додека овој седел во кафе бар.
„На 30 септември, во кафе бар на улицата „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола, осомничениот извршил грубо насилство и ја загрозил сигурноста на едно лице. Додека оштетениот седел на маса во угостителскиот објект, осомничениот му се приближил и без повод и причина започнал да го удира со тупаници по главата, нанесувајќи му телесни повреди“, опишува ОЈО Битола.
Потоа уапсениот подигнал стол и се обидел да го фрли кон оштетениот, но бил спречен. Со насилството предизвикал вознемиреност и кај останатите присутни гости во објектот.
Слично
