Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПРИТВОР ЗА АЛАБАКОСКИ НЕ СМЕЕ НИ ДА ПОМИСЛИ, А НЕ ДА БАРА МВР“: Тоа е работа на Обвинителството, појасни адвокатот Митровски

„ПРИТВОР ЗА АЛАБАКОСКИ НЕ СМЕЕ НИ ДА ПОМИСЛИ, А НЕ ДА БАРА МВР“: Тоа е работа на Обвинителството, појасни адвокатот Митровски

Адвокатот Јанаки Митровски кој прв на Фјесбук се „пријави„ да го брани осомничениот Ламбе Алабакоски за опожарувањето на културниот центар „Иван Михајлов„ во Битола, за „Фокус“ појаснува дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски треба да биде километри одалечен од помислата да бара притвор.

„Нема никакви ингеренции како министер и ова не може никако поинаку да се перцепира, освен како директен политички притисок“, вели Митровски.

Предметот за Алабаковски не се процесира во редовна, туку во итна постапка. Митровски објаснува дека постапката е итна кога обвинителот одлучил дека пред судија на претходна постапка ќе предложи мерки за обезбедување на присуството на Алабаковски во текот на целата постапка и тие варираат од обврска да се јавува во судот повремено до притвор.

Се користи кога обвинителот ќе процени дека осомничениот може да бега или да се крие, да ја попречува или влијае на истрагата и сведоците и да го повтори делот. Така е во книгите, праксата покажува дека во овој дел од постапката обвинителот е доминантен, вели Митровски за Фокус.


Слично

Поврзани вести