Притвор добија таткото и синот кои го тепаа и влечеа Села
Кривичниот суд синоќа им определил по 30 дена притвор за синот и таткото осомничени за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села.
Основното јавно обвинителство во текот на вчерашниот ден ја преиначи одлуката за Кире Георгиевски и
неговиот татко. Наместо за учество во толпа, двајцата се товарат за обид за убиство.
Обвинителството од прибавените докази, оценило дека постои
основано сомнение дека овие две лица, заедно со други лица, кои во овој момент се
неидентификувани, го извршиле кривичното дело обид за убиство, информираат од оваа институција. Ѓеоргиевски и неговиот татко Ц.Ѓ. на возраст од 68 години вчера утрото се приведени во
нивниот дом за напад кој го извршиле на Села во Собранието
на 27 април. По извршениот претрес во нивниот дом се пронајдени и одземени
патики со траги слични на крв, облека и три мобилни телефони.
Села се здоби со тешки телесни повреди и една седмица помина во болница, по што деновиве е пуштен на домашно лекување. Тој беше најтешко повреден при насилствата во Собранието.
