Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИСТИГНУВА АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ: вечерва и утре силен ветер - ќе има и врнежи!

ПРИСТИГНУВА АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ: вечерва и утре силен ветер - ќе има и врнежи!

Под влијание на брз студен фрон од север, вечерва и во понеделник во Македонија ќе има голема промена на времето, проследена со врнежи од дожд, како и снег на планините, особено во северните  и во западните предели од државава. Сето ова ќе биде проследено и со силен ветер, најпрвин од јужен и од југозападен, а во понеделник од северен правец. Ветрот повремено на одредени локации ќе надминува брзина од 70 километри на час. 

Ова предупредување доцна синоќа го објави метеопрогнозерот, Славчо Поповски. 

- Температурите позначително ќе опаднат, но за среќа на земјоделците  и овоштарите, појава на нов мраз и покрај овој брз студен фронт од север не се очекува, што значи дека набрзо, односно од вторник се враќаат пролетните, а по се изгледа за време на следниот викенд ќе имаме  и ранолетни температури на воздухот, дури и над 25 степени - напиша Поповски на вебстраната „Метеоаларм“.

Воедно тој појаснува дека овие нагли промени на времето, кои се проследени со брзи студени атмосферски фронтови, како што им е веќе познато на голем дел од граѓаните, се нормални за овој период од годината. 


Сепак, Поповски појаснува дека овие промени не секогаш се на иста локација, туку се поместуваат на оредени области, овој пат над Балканот и Македонија што ќе предизвика силни ветрови со поголема брзина, а неретко можат да направат  и материјални штети.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести