Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИСТИГНАЛЕ МНОГУ ПРИЈАВИ: Колку предистражни постапки за изборни нерегуларности се отворени?

ПРИСТИГНАЛЕ МНОГУ ПРИЈАВИ: Колку предистражни постапки за изборни нерегуларности се отворени?

Предистражни постапки за изборни нерегуларности се отворени во Основните обвинителства во Скопје, Битола и Кочани. 

Во сите овие предмети постоело сомневање за поткуп при избори, злоупотреба на избирачко право и други кривични дела, велат од привремената комисија во Јавното обвинителство за следење на изборни нерегуларности. 

„Секаде каде јавните обвинители оценуваат дека има елементи за сторени кривични дела, постапуваат, а таму каде утврдуваат дека нема елементи за сторени кривични дела, туку содржат елементи на прекршоци, ги известуваме надлежните инстутции како ДИК, за да можат тие понатаму да постапуваат согласно нивните законски обрвски-, изјави Џелал Бајрами, претседател на Привремената комисија при Јавното обвинителство на Република Македонија за следење на изборни нерегуларности.

Бајрами вели дека се оформени и уште седум дополнителни предмети за кои се собираат материјални и вербални докази. Овие предмети се на подрачјето на Струга, Битола, Кочани и Скопје.

Од Обвинителството не откриваат детали за кои изборни нерегуларности се работи Информираа дека ќе ги следат активностите сѐ до заокружување на целиот изборен процес.

Бајрами додаде дека до побвинителството пристигнале поголем дел на пријави, но дел од нив не биле основани.

Слично

Поврзани вести