ПРИСТИГНАЛ СО ВЕЛОСИПЕД, ИЗВАДИЛ ТУБА И ПОЧНАЛ ДА ИСТУРА: Генчовска открива детали како е опожарен „Ванчо Михајлов“
Моите очекувања
се дека судството во РСМ ќе си ја заврши работата. На снимките на една од камерите
можев да видам човек кој мирно пристигнува со велосипед, извади туба со
запалива течност и мирно ја истура течноста пред вратата од куќата. Оваа
смиреност беше малку нарушена, бидејќи пожарот што избувна беше огромен, се
исплаши, се сомневам дека лицето има некои повреди од овој пожар, можеби ќе
побара лекарска помош. Човекот носел маска, изјави за БГНЕС, министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска.
Смета дека ова дело е направено ладнокрвно и намерно.
Не верувам дека тоа ќе влијае на нашиот однос со PCM. Не би рекла дека има пожар во нашите односи со РС Македонија, рече Генчовска. Во моментов нашите односи се нормално конструктивни, има нормален работен дијалог. Двата тима работат напорно и потребни се многу часови, продолжуваме да се обидуваме да најдеме решение за отворените прашања во спроведувањето на Договорот за добрососедство, коментира Генчовска.
