Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пристигнаа резултатите од скринингот во „Мода“

Пристигнаа резултатите од скринингот во „Мода“

Светиниколаксата конфекција „Мода“ денес ги доби резултатите од скринингот кој го направи и истиот покажа дека позитивни на ковид-19 се уште осум новозаразени. Тоа значи дека во двете фабрики на компанијата сега има 53 случаи.

Управителот Ангел Димитров дека се тестирани вкупно 612 вработени тестирани, а 200-тини се веќе изолирани. Двата погони на „Мода“ се затворени од 10 јули.

Раководството на компанијата оваа одлука ја донесе откако тестирања еден ден претходно направени врз 210 вработени, покажале дека над 20 вработени се позитивни на коронавирусот.

Покрај овие 20, претходно беше утвредено дека уште 12 работници се заразени од ковид-19.

Пред 15 дена во Свети Николе три компании ставија оривремено клуч на врата

Слично

Поврзани вести