Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пристигнаа бесплатните налепници за регистарските таблички

Пристигнаа бесплатните налепници за регистарските таблички

МВР информира дека пристигнаа бесплатните налепници со ознака „НМК“ за регистарските таблички на возилата.

Долгонајавуваните налепници од утре ќе се распределуваат во техничките станици, од каде ќе се доделуваат бесплатно.

Рокот за промена на ликот на регистарските таблички истекува за 4 дена, но од МВР уверуваат дека казни нема да има.

Се очекува делењето на сопствениците на возилата да започне за неколку дена. Нема податок за колку возила се потребни овие примероци, но од МВР сметаат дека количината ќе биде доволна.


Слично

Поврзани вести