Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пристигнаа 38.400 вакцини од Астра Зенека

Пристигнаа 38.400 вакцини од  Астра Зенека

Пристигнаа 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека кои се обезбедени преку Ковакс механизмот. Информацијата синоќа на Фејсбук ја сподели министерот за здравство, Венко Филипче. 

„Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години. Количините постојано се надополнуваат, пријавете се на vakcinacija.mk“, пишува тој. 

Во земјава се намалува бројот на заболени, а досега се вакцинирани околу 180.000 граѓани. Вчера имаше 30 нови случаи на коронавирус и 16 починати. 


Слично

Поврзани вести