Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пристигна оставката на Груевски преку нотар

Пристигна оставката на Груевски преку нотар

Поранешниот премиер Никола Груевски својата оставка како пратеник ја депонираше преку нотар во Собранието, потврди спикерот Талат Џафери.

Заверената оставка пристигнала во средата на 5-ти јуни. Се очекува нејзиното прифаќање да се најде на дневен ред на следната собраниска седница во вторник, иако имаше негодувања од владеачкото мнозинство дека тој треба тоа дда го стори лично, а не од Будимпешта, каде што е азилант по бегството од затворската казна.

Џафери потврди дека оставката е пристигната со нотарски акт и со соодветни печати со кои се потврдува дека станува збор за лична изјава на Груевски.

– Примена е на 5-ти јуни. Испратена е на превод од унгарски јазик и кога ќе биде преведена ќе биде доставена на пратениците, рече Џафери.

Се очекува за оставката на Груевски позитивно на глкасањето да се изјаснат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, откако почесниот претседател на партијата и самото раководство го побараа тоа од нив.


Слично

Поврзани вести