Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИСТИГНА ДОЛГО НАЈАВУВАНАТА „ЛА НИЊА”: есента со пониски температури и повеќе врнежи, зимата студена и снежна

ПРИСТИГНА ДОЛГО НАЈАВУВАНАТА „ЛА НИЊА”: есента со пониски температури и повеќе врнежи, зимата студена и снежна

По долгото и екстремно топло лето, конечно ни пристигнува  и долго најавуваната “Ла Ниња”, односно ладниот Метеоролошки феномен. 

- Неговото влијание веќе позначително го почувстувавме, и тоа по ова големо и долго очекувано освежување на времето, како и големиот пад на температурите на воздухот. Со оваа промена на времето, конечно веќе можеме да им кажеме збогум на ектремно високите температури за оваа сезона - вели Славчо Попоски, метеопрогнозер.

Тој додава дека сосема нормално оти топли денови ќе има  и понатаму во септември, но температурите ќе бидат поумерени.


- Како што можеме да забележиме на табелата, ладната “Ла Ниња” значително доби на интензитет, а понатаму во следните неколку месеци таа сеуште ќе се засилува и својот максимум ќе го достигне на крајот од оваа година. Се на се, пред нас е есен со пониски температури на воздухот, но и со нешто повеќе врнежи на Балканскиот Полуостров. Врнежи очекуваме да има и во Македонија - нагласува Попоски.

Што се однесува за зимата 2024/2025, токму ова ветува една многу поразлична зима кај нас, односно поостра и поснежна зима. Би можеле да се соочиме со почести екстремно ниски температури на воздухот, како и со поголем број на снежни денови, па дури и на снежни невремиња.

Слично

Поврзани вести