Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прислушувањето на новинари ја турна на дно медиумската слобода во Македонија

Прислушувањето на новинари ја турна на дно медиумската слобода во Македонија

Во Македонија нема слобода на медиумите. Ова е заклучокот на последниот извештај на Фридом Хаус за состојбата со медиумите во земјава.

Фридом Хаус оценува дека медиумите во Македонија се длабоко политички поделени, а поради незаконското владино прислушување на голем дел од новинарите, годинава медиумската слобода премина од делумна слободна во медиумски неслободна земја.

Коруптивни врски меѓу функционери и сопственици на медиуми и зголемување на заканите и нападите врз медиумските работници се наведуваат како дополнителна причина поради која Македонија се најде на ова место во медиумската слобода.

Во извештајот пишува и за притисокот од сопствениците на медиуми врз новинарите, за ниската плата која ја зема седмата сила, закани и малтретирања во истражувачкото новинарство или критичко пишување.

Акцент е ставен и на прислушувањата и снимките кои ги објави опозицискиот лидер пришто од наодите на Европската комисија, орагнизацијата посочува дека дополнителната истрага покажала дека треба да се поддржат тврдењата на Заев.

Слично

Поврзани вести