Прислушкуваните разговори кои ги нуди Нинџа нема да се прифатат, незаконски се прибавени
Судот нема да ги прифати прислушкуваните разговори кои како доказ ги нуди Александар Василевски Нинџа, обвинет за уапдот во Собранието на 27 април, бидејќи се незаконски прибавени.
Добрила Кацарска, претседателката на Судечкиот совет која го води случајот за настаните од 27 април, денеска, соопшти дека најверојатно 115 телефонски разговори ќе паднат во вода како докази.
Пред судот, исто така, нема да бидат изведени и предлог – доказите на обвинетиот Мунир Пепиќ бидејќи Агенцијата за разузнавање не дозволила нивно декласифицирање.
Рочиштето се одложи за утре, поради тоа што адвокатот на обвинетиот Митко Чавков немал доволно време да ги среди декласифицираните докази од МВР.
Слично
