Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Присадска ни донесе млеко, да видиме која ќе ни донесе мед“: реките во Прилеп обоени во бело, остра реакција од еколозите

„Присадска ни донесе млеко, да видиме која ќе ни донесе мед“: реките во Прилеп обоени во бело, остра реакција од еколозите

Еко активистите тврдат дека Присадска и Оревоечка Река повторно се претворени во бели потоци од мермерна прашина, а институциите си ја префрлаат одговорноста. „Спас за Прилеп“ бара итна реакција и јасно утврдување кој е надлежен за загадувањето што завршува во вештачкото езеро.

Иницијативата „Спас за Прилеп” одново алармира за загадување на реките кои го полнат прилепското вештачко езеро со мермерна прашина, објави Инфомакс.

Двете реки – Присадска и Оревоечка Река се целосно обоени во бела боја веднаш над вештачкото езеро, и ова не е прв пат еко активистите од Прилеп да забележат ваква појава.

Од „Спас за Прилеп” во видеото велат дека се обратиле до Општина Прилеп и дека од надлежниот инспектор за животна средина добиле одговор дека општината не е надлежна за тоа.

- Да зборуваме за УБАВИ РАБОТИ, ајде да се веселиме: Во реката ни протече млеко. Присадска ни донесе млеко, да видиме која ќе ни донеси мед па да бидиме комплетни - стои во нивната објава на социјалните мрежи.



Слично

Поврзани вести