Природниот прираст во Македонија е негативен
Се зголемил бројот на починати во Македонија.
Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, покажуваат дека бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4 отсто и изнесува 4 604 живородени деца.
Бројот на починатите лица во второто тримесечје од 2021 година бележи зголемување од 40.2 отсто во споредба со истото тримесечје од 2020 година и изнесува 7.496 лица, а од нив 13 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -2 892, што значи дека за толку лица бројот на живородените е помал од бројот на починати во државата.
Со години наназад демографската слика во Македонија е лоша.
Слично
