Економија, финансии, бизнис

Контакт

Припадници на Армијата ќе заминат на вежба во Германија

Припадници на Армијата ќе заминат на вежба во Германија

Владата донесе одлука за испраќање припадници на Армијата на вежба во Германија. 

Ова е одлука од 65-та седница која се одржа денеска. 

Владата донесе одлука, на предлог на Министерството за одбрана, за испраќање 134-ца припадници на Армијата на Република Северна Македонија, за учество на вежбата „SABER JUNCTION 22“, којашто ќе се одржи во Сојузна Република Германија, во период од 28 август до 21 септември 2022 година.

На денешната владина седница е разгледана и усвоена и Информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили  на територијата на Република Северна Македонија, за изведување обука за евакуација на лица во тешко проодни планински услови.

Слично

Поврзани вести