Приоритет за законот за енергетика кој ќе донесе либерализација на пазарот на струја
Со новиот закон за енергетика треба да се овозможи либерализација на пазарот на струја што е преземена обврска на Македонија како членка на Европската енергетска заедница.
Законот за енергетика треба да биде меѓу приоритетните, препорача Владата на вчерашната седница.
По предлог на Комисијата за економски систем и тековна економска политика, Владата го разгледа Извештајот за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2016 година.
Како што соопшти владината прес-служба, на седницата вицепремиерот за економски прашања информирал за состанокот во Секретаријатот на Енергетска заедница во Виена, одржан на 9 август годинава.
Слично
