Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИНУДЕН РАСПУСТ ОД ДВЕ НЕДЕЛИ - Владата ќе ги прифати препораките на Комисијата

ПРИНУДЕН РАСПУСТ ОД ДВЕ НЕДЕЛИ - Владата ќе ги прифати препораките на Комисијата

Владата најверојатно ќе ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, кои денеска беа донесени од ова тело, а со кои се препорачува во следните две недели да запре наставата во училиштата и да не работат градинките, како и други мерки со кои би се спречило ширењето на коронавирусот.

За околу половина час министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи прес конференција на која се очекува да ги соопшти мерките.

Како што веќе пишуваше Фактор, Комисијата за заразни болести ги упатува сите основни, средни и високо образовни институции, како и детските градинки да запрат со одвивање на наставно воспитниот процес во тек на наредните 14 дена.

Второ, се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на земјава, а спортските настани да се одвиваат без публика. 

Трето, се водевува задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средноризичните држави во период од 14 дена.

Повеќе детали читајте тука. 

Слично

Поврзани вести