Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИМОПРЕДАВАЊЕ ВО КУМАНОВО: Димитриевски ја презема функцијата од Дамјановски

ПРИМОПРЕДАВАЊЕ ВО КУМАНОВО: Димитриевски ја презема функцијата од Дамјановски

Максим Димитриевски денеска официјално ја презема функцијата градоначалник на Општина Куманово од  Зоран Дамјановски. 

Тој го доби и уверението од претседатаделот на Општинската изборна комисија (ОИК) Звонимир Николовски.

Димитриевски  очекува дека со реализација на планираните проекти, Куманово ќе добие урбан лик. За изборите рече дека поминале во скандинавски стил. 

„Да посакам успех на сите избрани колеги советници во советот на Општина Куманово, со желба да го реализираме она со кое што излеговме пред граѓаните во рамките на нашите политички програми и агенди, што ги ветивме во делот на очекувања кои што ги имаат граѓаните“- рече Димитриевски.

Дамјановски се надева дека 2018 година ќе биде многу продуктивна и дека Куманово како што вели ќе биде многу поинаков град од оние искушенија кои ги имаше претходно. 

Слично

Поврзани вести