ПРИМЕР ЗА ДРУГИТЕ: Максим Димитриевски оди пеш на работа
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска одејќи пеш до општината, ги повика граѓаните да се однесуваат одговорно и да придонесат за намалување на загадувањето на воздухот во градот.
„Апелирам до сограѓаните, да се обидат барем еден ден во неделата да не го користат своето моторно возило и да дадат личен придонос за помало загадување на животната средина“- вели Димитриевски.
Кумановскиот градоначалник вели дека ова го практикува секој петок, а можноста ја користи за да се сретне со граѓаните по пат и да биде поблиску до нив.
Тој вели дека како мерка од утре ќе почне кампања за поттикнување на свеста на граѓаните за намалување на загадувањето.
Слично
