Економија, финансии, бизнис

Контакт

Примабалерината позитивна на корона: Мијалков качил температура па немаше судење

Примабалерината позитивна на корона: Мијалков качил температура па немаше судење

Сашо Мијалков обвинет во случајот „Таргет -Тврдина“ има покачена температура за што тврдел дека се симптоми на Ковид-19. Денеска поради тоа е одложено судењето за овој предмет. Впрочем во судницата неговиот адвокат Љупчо Шврговски рече дека сопругата на Мијалков имала позитивен резултат на тестот, по што и Мијалков денеска ќе прави тест. 

На денешното рочиште требаше да сведочи министерот за правда Бојан Маричиќ. 

Покрај Мијалков, на обвинителна клупа во „Таргет-Тврдина" се и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинет на Мијалков, Тони Јакимовски, и уште неколку лица од УБК. 

Обвинети за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.


Слично

Поврзани вести