Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИЛОЖИЛ ЛАЖНИ ИТАЛИЈАНСКИ ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА: Koсовски државјанин е приведен на Блаце

ПРИЛОЖИЛ ЛАЖНИ ИТАЛИЈАНСКИ ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА: Koсовски државјанин е приведен на Блаце

Косовски државјанин со италијански фалсификувани документи e приведен на граничниот премин Блаце. 

„Осомничениот, на 24 април веднаш по полноќ, на граничниот премин Долно Блаце при влез во државава, употребил како вистински лажни исправи – италијанска лична карта и италијанска возачка дозвола. Бил задржан кога на пасошката контрола ги приложил лажните јавни исправи, а надлежниот јавен обвинител предложи да му биде определена мерка притвор поради опасност од бегство“, велат од Обвинителството. 

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен косовски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Слично

Поврзани вести