Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прилепското село Клепач после долги години ќе има вода

Прилепското село Клепач после долги години ќе има вода
Општина Прилеп објави тендер за избор на најповолен понудувач за изработка на доводен цевковод и разводна мрежа до село Клепач. За прв пат околу 160 жителите од ова прилепско населено место  ќе добијат водоводен систем и здравствено исправна вода за пиење.  Ова населено место ќе биде поврзано на водоснабдителниот систем што го одржува општина Битола, кај селото Ношпал, кое претставува најблиска точка за поврзување. За реализација на овој инфраструктурен зафат предвидени се средства во буџетот на Општина Прилеп во висина од околу 5 милиони денари.
Слично

Поврзани вести