Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прилепскиот градоначалник осуден на условна затворска казна

Прилепскиот градоначалник осуден на условна затворска казна

Основниот суд во Прилеп го осуди градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески со парична казна од 36.900,00 денари.

Градоначалникот е осуден на условна затворска казна од три месеци. 

Toj е осуден поради сторено кривично дело „nесовесно работење во службата“, по кривични пријави од  адвокатот Жарко Стеваноски.

Ристески ќе мора како надомест  на штета на општината  да ѝ исплати 238.750,00 денари.

Градоначалникот е прогласен за виновен бидејќи како службено и одговорно лице  со несовесното постапување во вршењето на службата   не обезбедил правилна и законита заштита на сопственоста на општината.

Против него, адвокатот Стеваноски има поднесено 5 кривични пријави со кои градоначалникот се сомничи дека сторил кривични дела поврзани со „злоупотреба на службената положба и овластувањата“ и „злоупотреба на постапките за јавни набавки“.

Слично

Поврзани вести