Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски е заразен со коронавирус

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски е заразен со коронавирус

И градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски е заразен со коронавирус. 

Тој синоќа го добил позитивниот тест и е во домашна изолација.

„Засега се чувствувам добро. Имам само повисока температура и болки во мускулите и чувствувам изнемоштеност“, изјави Јовановски во телефонски разговор за МИА.

Тој вели дека се посомневал дека може да е инфициран по покачената телесна температура.

„Имав температура од 37,2. Се посомневав на симптоми, иако немав загубен вкус и мирис. Тестот покажа дека сум позитивен, најверојатно вирусот сум го добил по контакт со позитивен зашто изминатите денови имавме некои состаноци. Сега температурата е 37,6, немам некои проблеми, примам терапија и сум дома“, вели Јованоски.

Во земјава почна да расте бројот на заразени и денеска надмина 700. 

И градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ е позитивен на коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести