Ученици од економско и индустриско училиште биле заклучувани, а средношколците цврсто се оградуваат од политичко етикетирање.
Вчера и во главниот град Скопје се одржа вториот протестен марш на средношколците .
(Фото:Канал77)
Стотици средношколци денес излегоа на протестен марш во градот под Марковите кули Прилеп.
Со поддршка до Средношколскиот пленум од сите гимназии тие потенцира дека стојат на ставот и барањата за укинување на математиката како задолжителен предмет од државната матура и враќање на стариот концепт на полагање на државна матура и промена на законот за екстерно тестирање.
- Вчерашните разговори на Средношколската унија која не не застапува и не ги презентира нашите ставови, со претставници на Министерството за образование и Владата и најавата за т.н. укинување на државната матура се најобична фарса и манипулација. Ние како Средношколсски пленум остануваме и опстојуваме на нашите барања за враќањена стариот концепт за полагање на државната матура и за промена на Законот за екстрено тестирање. Нема да дозволиме да експериментираат со нас, велат тие.
И покрај протестите средношколците велат дека притисоците за да не излегуваат на протести не стивнуваат.
Ученици од економско и индустриско училиште биле заклучувани, а средношколците цврсто се оградуваат од политичко етикетирање.
Вчера и во главниот град Скопје се одржа вториот протестен марш на средношколците .
(Фото:Канал77)