Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прилепската „Градина“ атрактивна за купувачите на парцели

Прилепската „Градина“ атрактивна за купувачите на парцели

Новата населба „ Градина“ е вистинска атракција во Прилеп кога се работи за купивање на парцели. За неколку   месеци во населбата се купени 18, парцели, а овој месец на продажба се огласени уште пет.

Почетната цена на 5-те огласени парцели од по 300 метри квадратни, е едно евро од метар квадратен, а единствен услов е да се користи енергетска ефикасност и термо фасади.

Новата, по европски стандарди населба „Градина“ е проектирана на 62 хектари со вкупно 400 парцели од кои преку 300 се за индивидуални куќи.

- За најмногу 35.000 евра со купената парцела, платени комуналии и комплетна изградба може да се добие голем и убав дом. Погодно е за младите брачни двојки и ефективно за владиниот проект: купи куќа купи стан. Локалната самоуправа годинава има во буџетот одвоено пари за комплетната инфраструктура во населбата со нови училишта, трговски центри, зелени површини, вели градоначалникот Марјан Ристески.

Слично

Поврзани вести