Прилепскa пиварница со четири пати поголема добивка од лани
Драстичен скок на добивката на Прилепска пиварница. Компанијата во првите шест месеци од годинава остварила нето добивка од 880 илјади евра, што е за четири пати повече од минатата година во истиот период.
Лани, во првите шесет месеци, нето довивката на Прилепска пивaра била 220 илјади евра.
Приходите на компанијата во првата половина од годината, споредено со лани, се пораснати за 16 % и изнесуваат нешто повеќе од 10 милиони евра. Лани биле 8,7 милиони евра.
Растот на приходите се должи на растот на приходите на домашниот пазар, додека кај приходите од странскиот пазар има пад од 39%. Расходите на компанијата во првите шесет месеци од годинава изнесуваат 9,3 милиони евра и се зголемени за 7% во однос на истиот период од минатата година.
Слично
