Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прилепчани во акција: Се легализираат дивоградбите и решава водоснабдувањето

Прилепчани во акција: Се легализираат дивоградбите и решава водоснабдувањето

Локалната самоуправа во Прилеп од 15.367 предмети за легализација на дивоградби, досега решила 3.139, а во постапка останале уште 200 предмети. Според градоначалникот Марјан Ристески, до крајот на февруари бројката на одговорени барања за легализација ќе достигне до 4.000.

Од овој процес досега Општината инкасирала 41,5 милиони денари кои ќе се вратат за потребите на граѓаните. Парите се за урбанистичката сфера и за подобрување на инфраструктурата. Од процесот на легализација се очекуваат уште 42 милиона денари.

Како добра шанса од Опшината ја посочија можноста и на индустриските капацитети да им се дозволи да легализација, со што стопанството ќе може да располага со објектите законски.

„Поголемите фирми веќе го завршија процесот. Елаборатите на другите треба да се доставуваат во наредните 18 месеци“, изјави Илија Карески раководител на одделението за урбанизам. Инаку во делот на инфраструкурата , за две недели во Прилеп треба да проработат 10-те нови бунари, проект на Министерството за транспорт и врски и на прилепски Водовод од околу 600.000 евра и препумпната станица во стариот резервоар, кои ќе овозможат вода да имаат и високите делови на градот, проект на  „Водовод и канализација„ вреден 200.000 евра. Со двата клуни зафати Прилеп ќе го реши проблемот со водoснабдувањето во периодот кога e намалена дарежливоста на изворот Студенчица.
Слично

Поврзани вести