Прилепчанецот кој бојадисуваше куче приведен во полициска станица
Полицијата го приведе прилепечанецот кој ги вознемири граѓаните откако пред нивни очи бојадисуваше куче-скитник. По реакциите на социјалните мрежи, против истиот ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни. Станува збор за 56-годишниот М.М. од Прилеп со кого е извршен разговор и целосно е документиран случајот.
Настанот го пријавил очевидец кој веднаш отрчал во полициска станица и го пријавил прилепчанецот дека истурил црвена боја врз куче и започнал да го влече за едната нога.
По пријавување на настанот излезено е на местото на настанот и извршен е увид.
Слично
