Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прилепчанец заврши во притвор откако повреди полицајци бегајќи им со возило

Прилепчанец заврши во притвор откако повреди полицајци бегајќи им со возило

30 годишен Прилепчанец заработи притвор откако повредил двајца полициски службеници кои си ја извршувале должноста.

Имено,  Б.Ј бил забележан од полициски службеници на патот Прилеп-Битола како управува патничко возило „Опел Омега“ со велешки регистарски ознаки кое било натоварено со огревно дрво. 

Според МВР полицајците се обиделе да го сопрат возилото, но возачот ја зголемил брзината и притоа повредил двајца полициски службеници. 

Набргу потоа, возилото било запрено од друга полициска патрола а возачот бил приведен во Полициската станица Прилеп.

Повредените полициски службеници биле пренесени во Општа болница Прилеп а страна на Јавен обвинител на Б.Ј. му била изречена мерка притвор.

Слично

Поврзани вести