Како причина било наведено дека во услови на голема конкуренција правното лице не работи и не остварува никакви приходи за да може да ги покрива трошоците во работењето.
Според МВР, тоа не било точно, бидејќи единствената сметка што ја имал правниот субјект во една банка никогаш не била блокирана. За да ја избегне обврската за плаќање кон Управата за јавни приходи, пријавениот на 24 ноември 2014 година од сметката на правното лице повлекол 234.000 денари по основ трошоци, за кои немал економска оправданост, ниту соодветна книговодствена евиденција.
Исто така, на 30 октомври 2014 година пријавениот основал нова фирма „Фурна Ридарец“ ДООЕЛ Прилеп со иста дејност и со исто седиште како и „Ридарец фуд“ ДООЕЛ Прилеп. Со дејствијата што ги презел пријавениот предизвикал штета кон Управата за јавни приходи во висина од 155.750 денари.
