Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прилепчанец со „голф“ прегазил четворица пешаци

Прилепчанец со „голф“ прегазил четворица пешаци

Двајца малолетници, еден осумнаесетгодишник и едно повозрасно лице се повредени откако вчер ана изборниот ден во нив удрило возило марка голф во Прилеп на улицата „11 Октомври“. Полицијата соопшти дека вчера во 22:06 часот било пријавено дека во патничкото возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(29) од Прилеп удрило во пешаците О.С.(37), Б.М.(18) и уште двајца малолетници, сите од Прилеп.

„Во несреќата О.С. се здобил со тешки телесни повреди, а останатите пешаци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп, стои во известувањето.


Слично

Поврзани вести