Прилепчанец остана без пари и злато вредни над 4 милиони денари
Прилепчанец остана без пари и злато вредни над 4 милиони денари, откако во неговата куќа влегол крадец кој го обил сефот и ги одзел сите вредни предмети, како и домашни и странски валути.
На 18.12.2017 година во времето од 19.00 до 22.30 часот во Прилеп во куќа сопственост на М.Г.(47), од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба, при што одземени се евра, австралиски и американски долари, швајцарски франци и фунти, се во вредност од 2.160.000 денари, како и разновиден златен накит во вредност од околу 2.200.000 денари. Сторителот откако со употреба на погоден алат влегол во куќата во подрумот пронашол и отворил метален сеф од каде ги одзел парите и заминал во непознат правец. Извршен е увид на место на настанот, се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, соопштија од МВР.
